ЕДРЕНЕ (АА) – Грчките безбедносни сили со солзавец и звучни шок-бомби интервенираа врз нерегуларните бегалцикои чекаат во меѓуграничната зона на грчко-турската граница, јавува Агенција Анадолија (AA).

Со намера да одат кон Европа, користејќи алтернативни патишта, група бегалци во пладневните часови пристигнаа во зоната меѓу граничните премини Пазаркуле и Кастаниес.

Грчките сили групата од околу сто нерегуларни бегалци ја опколија со возила и автобуси.

Потоа грчката полиција интервенираше користејќи бибер-спреј и звучни шок-бомби.

Нерегуларните бегалц и избегаа и се засолнија во шумата во близина, а некои видно вознемирени и плачеа.