АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за Идлиб и за други регионални прашања, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган во телефонскиот разговор со Трамп ја повтори решителноста на Турција да ги измести режимските сили надвор од подрачјето дефинирано во Сочи.