Почитувани, Ви презентираме уште една една добра емотивна мелодија и порака на нашиот сограѓанин- Октишанец г-динот Зубер Асаноски.

Во ова пригода би сакале на г-динот Асаноски да му се заблагодариме за укажана доверба, како и многу пати ние Dubai Star Video Production, да се погрижиме истата преку визуелен пат (видео монтажа), и одблиску да ја пренесеме неговата идеја.

Во оваа песна и според самиот наслов, заклучуваме дека станува збор за спомените од детството, за животот во минатото, работата уште од мали нозе, игрите, маките итн. А, целта на оваа песна е и да не врати малку низ спомените, било да се добри или лоши.

За крај му се заблагодаруваме на Зубер Асаноски за ваквите уметнички дела, а исто така и за довербата и соработката со нас. Се надеваме на уште многу вакви и слични соработки.

Притоа да не ги заборавиме и нашите најмлади учесници (братчињата) Мерван и Фатих Ајрадиноски (Подгорци) кои успешно се снајдоа во реализацијата на овој проект.

Dubai-Portal