Сё укажува на биолошка војна и креиран вирус: Јапонец ја прележал болеста, па повторно ја добил

0

Јапонец кој прележел коронавирус повторно е позитивен на истиот и тоа повторно на околу три недели по напуштањето на болницата каде што бил лекуван, пишува Индипендент.

Мажот (70) бил патник на крстосувачот „Дијамант принцес“. На неговиот прв тест, тој бил позитивен за коронавирусот на 14 февруари, додека сè уште бил во карантин на бродот.

Тој бил пренесен во болницата, каде бил на лекување. Откако бил хоспитализиран, тој бил негативен за вирусот на 2 март, објави НХК, според неделникот.

Според медиумите, откако се вратил дома во префектурата Миа, Кансаи, пациентот повторно почнал да покажува симптоми – добил температура 39. Следниот ден повторно бил примен во болница и бил тестиран каде лекарите му потврдиле дека е позитивен на коронавирус.

Ова не е единствениот случај кога иста личност повторно заболува со коронавирус. На 27 февруари, една Јапонка вторпат се тестирала на коронавирус, неколку недели откако се опоравила. Станува збор за жена во четириесеттите години од градот Осака и се чини дека е прва личност надвор од Кина која два пати била позитивна за Ковид-19.

Претходно во текот на месецов, лекарите од различни делови на Кина објавија дека некои пациенти, кои закрепнале од болеста и биле пуштени дома, по втор пат биле позитивни за Ковид-19.