Нема ниту недела дена изминато, откако Битолска Млекара јавно се извини и рече дека ќе ги поправи работите дека работите ќе се одвиваат како и претходно, во врска со нивните производи, во нашите села.

Но тоа не се случи, вработените си ги слушаат нивните газди, а нивните газди иако знаат дека ситуацијата во нашиве села е баш мирна, нема заразени, што ги спречува во извшување на доставата на нивните продукти?

Истото се случува и во Подгорци, истата компанија со иста порака, дојдете да си ги земете производите.

Во ова лошо време, и ние (нашите села) а и останатите, компаниите како Битолската Млекара, треба да си ја отчитаме лекцијата.

Ние треба да си ја отчитаме лекцијата така што, ќе сфатеме дека во ова лошо време е и моментот во кој треба да покажеме дека, ние сме едно, време е да ја покажеме сета почит и љубов едни према други и истово да го запамтеме и после ова лошо време

Тие треба да ја отчитаат лекцијата така што, да разберат дека ова еден ден ќе се заврши, можеби нивниот бизнис не, ама може да заврши нивната мисија во нашиве крашита. Бидејќи нашиот народ е на нозе и не е зависен од нивните производи.

Во моментов бројката на изреволтирани нашинци према оваа, а и останатите компании кои го следат нивниот концепт, е голема. Па од сето ова освен бојкот на нивните производи нема ништо друго да произлезе.

Дали нивната достава не се одвива до нашите села поради страв!?

Но…

И покрај тоа што нема ниту еден заболен, вчера се направија 7 тестови, од кои 6 беа од Лабуништа, сите негативни, како и едниот тест на лице од Струга.

Зошто стравот? Дали ќе се прекине доставата и во Охрид, па и во другите градови каде има заразени од вирус? Во овој случај би требало и во тие градови да се прекине доставата, освен ако спрема нас не се води некоја друга политика.

Прашањето е зошто ваква дамка на нашиов крај, дали сите места кои се со гурбетчии, треба да се спомнат на прессовите? Ако е поради доаѓањето на нашите гурбетчии од Италија, зошто Македонија и покрај предупредувањата на СЗО за опасноста, ги прими, ајде што ги прими зошто истите не биле тестирани, ниту добиле соодветни соодветни мерки како карантин истиот момент при влез на државата, како што се случи со тие 200, мислам со тие 9 ромскиот оркестар. Немаше потреба од пуштање на истите да влезат во државава, и по извесно време тестираат, тие требаше да се тестирани уште на самиот влез, како и карантин доколу, како што веќе сега се спроведува, доколку беше потребно.

Автор: Махир Демишоски

Dubai-Portal