На 21.03.2020 година во 02:30 часот, во полициската станица Струга, Д.С. (77) од струшкото село Ложани, пријави пожар во куќа и плевна, негова сопственост. Од извршениот увид, констатирано е дека изгореле повеќе апарати за домаќинство, земјоделски машини и алати, амбари со пченка и пченица и домашни животни. Натамошното ширење е спречено со интервенција на пожарникарите кои со две противпожарни возила, го локализирале и изгаснале пожарот. Утврдено е дека причина за пожарот е стара и дотраена електрична инсталација.На 21.03.2020 година во 02:30 часот, во полициската станица Струга, Д.С. (77) од струшкото село Ложани, пријави пожар во куќа и плевна, негова сопственост. Од извршениот увид, констатирано е дека изгореле повеќе апарати за домаќинство, земјоделски машини и алати, амбари со пченка и пченица и домашни животни. Натамошното ширење е спречено со интервенција на пожарникарите кои со две противпожарни возила, го локализирале и изгаснале пожарот. Утврдено е дека причина за пожарот е стара и дотраена електрична инсталација.