Палестинските затвореници во израелските затвори побарале маски заради превенција зараза од коронавирус, но ционистичките власти им предложиле да користат чорапи.

Лидерите на палестинското движење за отпор на Хамас побараа од меѓународните организации да им обезбедат на палестинските затвореници во израелските затвори средства за дезинфекција и средства за хигиена за да можат да се борат со новиот коронавирус.

Турската новинска агенција Анадолија јавува дека ционистичкиот режим го отфрлил барањето на палестинските затвореници во затворот Мејд да им бидат дадени заштитни маски.

Наместо тоа, ционистичките власти им порачаа на Палестинците да користат чорапи.

Властите на Хамас велат дека ваквото однесување на ционистичките власти е показател дека тие намерно сакаат да заразат палестински затвореници, на кои им се заканува коронавирус.

Исто така, затворите досега не се дезинфицирани, и покрај зголемениот број на пациенти со коронавирус во окупираните палестински територии.