Палестински работник кој имал симптоми на коронавирус е пронајден фрлен од страна на израелските власти на контролниот пункт, Беит Сира (Beit Sira) што ги поврзува Израел и окупираниот Западен Брег (West Bank).

Видеото снимено од 25-годишниот Ибрахим Абу Сафија (Abu Safiya) кој го пронајде палестинецот  „фрлен како ѓубре“, стана вирално на социјалните мрежи.

На видеото може да се види палестинскиот работник кој работел во Израел, како лежи на земи близу до контролниот пункт, предизвикувајќи луѓето да го искажат својот бес поради односот према работникот.

За локалните медиуми, Абу Сафија (Abu Safiya) раскажал дека човекот бил „фрлен на земја“, поради сомневање дека е заразен со коронавирус.

„Како би можеле да го направат тоа некому?“ праша тој, додавајќи:

Не е важно дали тој е Палестинец, Израелец или што и да е. Тој е човечко суштество.

Работникот подоцна го собрале палестинските здравствени работници и се упатиле кон Националната болница во Наблус каде неговиот тест бил негативен, јави новинската агенција „Вафа“ („Wafa“).

И покрај тоа што бил шокиран кога видел дека еден болен човек е „оставен да умре“ на контролниот пункт, Абу Сафија Абу Сафија (Abu Safiya) рече дека не бил изненаден од инцидентот.

„Ова е вистинското лице на израелската окупација“, рече  додавајќи:

Тие нè убиваат секојдневно, така што ова не е нешто ново за нив.

Како одговор на тоа, портпаролот на палестинската влада Ибрахим Милхем (Ibrahim Milhem) денес на својот дневен брифинг го осуди „расистичкото и нехумано“ постапување на израелските власти и работодавците кога се занимаваат со своите палестински работници.

Тој рече: „Ако треба да работиш за живееш, тогаш нека биде со достоинство, а не на ваков начин на однесување“.

„Ние правиме се што можеме за да ги натераме нашите работници да не прифатат работа во Израел (Israel) во овие тешки околности, со цел да се гарантира нивната безбедност и безбедноста на нивните семејства и заедницата“, заврши тој.

Пишува:„PLO“  Преведува и пренесува:„ Dubai-Portal“