ЏАКАРТА – Земјотрес од 7,5 степени ги потресе Курилските Острови, кои како дел од Руската Федерација се наоѓаат на Далечниот Исток, јавува Агенција Анадолија (АА).

Американскиот геолошки завод (УСГС) објави дека на отворено море, на 213 километри југоисточно од подрачјето Северо на Курилските Острови се случил земјотрес, на длабочина од 56,7 километри.

Пацифичкиот Центар за цунами издаде предупредување од можно цунами на подрачјето на Северо, Сахалин и американскиот остров Хаваи.

Anadolu