Индија од утре ја воведува најголемата светска блокада. Граѓаните ќе бидат во целосен карантин која ќе трае 21 ден, најави премиерот Нарендра Моди, а пренесе „Ројтерс“.

Тој ги предупредил граѓаните дека не смеат да излегуваат од своите домови, во спротивно ризикуваат пандемија да ја доведат домас. Ќе може да се излегува само за итна медицинска помош.

„За да се спаси Индија и секој граѓанин, ќе постои целосна забрана за излегување од дома“, рече Моди во телевизиско обраќање, и притоа призна дека три недели би донеле голем удар за економијата, но коронавирусот би можел да биде уште полош и би ја вратил земјата неколку децении назад.

Индиските здравствени власти досега пријавија 469 активни случаи со Ковид-19 и 10 смртни случаи, а овој потег практично ја става петтина од популацијата во целосен каратин.

Ексерти деновиве предупредуваа дека во земја во која десетина милиони луѓе живеат во густи урбани обалсти со нередовен пристап до чиста вода ширењето е неизбежно.

NovaTV