Програмата “Точка на враќање” (“Tačka povratka”), во соработка со Министерството за надворешни работи и српските дипломатски мисии и конзуларни претставништва и со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (ПРОН) (UNDP), ги повика сите слободни медицински професионалци во странство, да ја пријават нивната достапност доколку се подготвени, доколку има потреба, привремено да се вратат и да помогнат во борбата против епидемијата на коронавирус, во Србија.

„Поради зголемениот притисок врз здравствениот систем, со цел навремено да се подготви и поддржи борбата за зачувување на животот и здравјето на српските граѓани. Ги покануваме сите слободни здравствени работници, лекари, медицински сестри, медицински техничари и други здравствени работници од странство, да обезбедат информации за нивната достапност, како и специфична експертиза“, се вели во соопштението на Владата.

Информациите ќе се користат пради евиденција на капацитети, воспоставување соработка и потенцијален конкретен волонтерски ангажман, за давање помош на најранливите граѓани, што е можно поскоро.

Владата на Србија, Програмата “Точка на враќање” (“Tačka povratka” и (ПРОН) (UNDP) ги поканија сите што сакаат да одговорат на оваа покана да го сторат тоа, со пополнување на онлајн формулар на tackapovratka.rs.

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdY9z_TPXdjcSRb4029Ov702XoHf5Nxt31yt14z4lS3gjsEow/viewform