Владата, на денешната седница, донесе одлука со која во викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5 часот за да се забави ширењето на коронвирусот и да се заштити населението.

„Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани. Ви препорачуваме да ги почитувате сите препораки и мерки од надлежните институции“, изјави Муамед Хоџа, портпарол на Владата.

Во моментот на сила е полицискиот час на територијата на цела држава кој важи од 21 до 05 часот.

За малолетните забраната за движење е од 21 до 12 часот а за лицата постари од 67 години од 11 до 05 часот наредниот ден.