Министерот за финансии  на Германската сојузна покраина Хессен Томас Шифер (ЦДУ) пронајден е мртов.

Според полицијата во Визбаден синоќа, телото на 54-годишникот било откриено во Хокхајм во областа Мајн-Таунус.

„Заради вкупните околности “, истражителите претпоставуваат дека станува збор за самоубиството потврдено е  од канцеларијата на јавниот обвинител на Визбаден и полициската станица Западен Хессен, пренесува Велт.

Тој беше најверојатно наследник на Волкер Буфиер, премиер на провинцијата, кој планирал да се повлече од должноста подоцна оваа година од здравствени причини.

„Сите сме шокирани и не можеме да веруваме дека Томас Шифер почина ненадејно и неочекувано“, изјавил Буфиер, додавајќи: „Сите ние сега мора да се соочиме со неговата смрт и да го оплакуваме со семејството. Наше искрено сочувство пред се на неговите најблиски роднини и им посакуваме да останат силни во овие тешки времиња “.

Извор: Welt.de