Ширењето на корона вирусот во Кина е стопирано, соопшти официјалниот претставник на Комитетот за здравство, Ми Фенг.

Бројот на потврдени случаи на инфекција е помал од 3.000. Ширењето на епидемијата во Кина е целосно запрено, на брифинг Ми Фенг.

Според најновите податоци, од почетокот на пандемијата имало 81.439 случаи на инфекција со корона, од кои 75.448 се опоравиле и 3.300 починале.

Претходно, медиумите објавија дека во кинеската провинција Хубеи (освен Вухан), позната како фокусна точка за ширење на инфекцијата „Ковид-19“, домашниот воздушен сообраќај е вратен после два месеци.

(Вијести.ба / РТРС)