23 C
Struga
Friday, August 7, 2020
дома Балкан и Свет Синот на екс-претседателот на Реал Мадрид: „Го загубивме телото на мојот татко,...

Синот на екс-претседателот на Реал Мадрид: „Го загубивме телото на мојот татко, не знаеме каде е “

0

Поранешниот претседател на кралскиот клуб минатата недела почина од последиците од коронавирусот во 76 година од животот.Неговиот син денеска сподели неверојатна сторија.

Имено, тој тврди дека телото на неговиот татко е загубено.

-Го загубивме секој траг каде се наоѓа мртвото тело на мојот татко. Првобитната идеја беше да го кремираме во вторник, но погребната церемонија е откажана поради колапсот на мртовечницата во Мадрид, многу работа, многу починати…Не префрлија на централните гробишта Сан Исидро, но откако таму беше невозможно да го направиме кремирањето, не пренесоа во Ескоријал“, раскажал за медиумите синот на Лоренцо Санс, Лоренцо Јуниор Санс.

Ескоријал е место и гробишта на околу 40 километри од Мадрид.

„Ни се јавија и ни кажаа дека не знаат каде е лешот. А сега не знаеме ниту ние каде е првото тело намојот татко“, изјавил Лоренцо Јуниор.

Канал5

error: Alert: Content is protected !!