Манфред Спајсер (Manfred Spitzer), професор по психијатрија на Универзитетот во Улм, смета дека мерките како што е крајната забрана за движење може да доведат до психички нарушувања и затоа треба да се прибегнат кон само кога тоа е неопходно.

“Постојат долгорочни истражувања кои покажуваат дека по карантинот, постои поголема зачестеност на вознемиреност, нарушувања на спиењето или дури и пост-трауматско нарушување. Нема разлика помеѓу постарите и помладите, или мажите и жените. Секој може да страда од тоа”, изјави Спитзер (Spitzer) за „Дојче Веле“ („Deutsche Welle“).

Во борбата против ширењето на коронарниот вирус, многу држави воведоа забрана за движење или контакт и така на различни начини го ограничија социјалниот живот, а луѓето често пати без забрани од страв не излегуваат на улица, пишува „Дојче Веле“ („Deutsche Welle“).

Д-р Манфрет Спитзер (Manfred Spitzer), кој исто така е шеф на психијатриска клиника во Улм, вели дека изолацијата влијае на менталната состојба и го ослабнува имунолошкиот систем, што е „најважното оружје на оние кои го употребуваат во борбата против коронарниот вирус“.

“Знаеме што го зајакнува имунолошкиот систем – една од работите е излегување надвор. Најдобро секако, таму каде што нема никој, да речеме во шумата. Знаеме дека одењето низ шумата за еден или два часа докажано го зајакнува имунитетот. Престојот во куќата му штети на имунитетниот систем „Тоа е особено важно со децата“, рече д-р Спитзер (Spitzer) за „Дојче Веле“ („Deutsche Welle“).

Спајсер е автор на книгата „Осаменост – непризнаена болест: Болна, зависна, смртоносна“.

На прашањето дали овие денови социјалните мрежи можат да бидат замена за социјалниот контакт, тој рече дека гледа критички на социјалните мрежи, но дека овие времиња секако се начин да се задржи меѓусебниот контакт.

„Но, ве мола,, немојте дено-ноќно да ги пратете секакви непроверени информации, кои се шират“, рече д-р Спитзер (Spitzer).

Според него, телефонот е веројатно „најдобриот социјален медиум“ во моментот затоа што луѓето контактираат со оние што ги знаат додека Твитер и Фејсбук се „не толку добри“ затоа што „не им се допаѓаат на толку многу непознати луѓе што ги среќавате таму“.

Пишува: „DW“ – Пренесува и преведува:„Dubai-Portal“