Саудиска Арабија побара од муслиманите што планираат да одат во Хаџ оваа година привремено да го одложат процесот на резервации во услови на неизвесност околу пандемијата на коронавирус.

Министерот за Хаџ, Мухамед Бантен изјави дека Кралството е загрижено за безбедноста на аџиите и ги повика луѓето да „чекаат пред конечниот заклучок на договорот за Хаџ“, пренесува Би-Би-Си.

Овој јули и август, околу два милиони луѓе требаше да патуваат во Мека и Медина.

Муслиманите кои се физички способни обврзани се да извршат хаџ еднаш  во животот.

Помалиот хаџ познат како умра, веќе е суспендиран како дел од мерки на претпазливост за да се намали  ширењето на коронавирусите.

Мерка со која се забранува влез во Мека и Медина, како и главниот град на Ријад, исто така е спроведена бидејќи саудиските власти  се обидуваат да го спречат ширењето на коронавирусот (КОВИД-19), кој зарази најмалку 1.563 лица и починаа 10 лица.

Бантен изјави дека Саудиска Арабија е подготвена за аџилак организација, но е загрижена за здравјето на луѓето.

„Бараме браќата муслимани да го чекаат конечниот договор со тур-операторите, сè додека ситуацијата не биде појасна“, истакнал тој.

(Вијести.ба / ФЕНА)