Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, имаше телефонски разговор со кинескиот претседател, Си Ѓинпинг, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Одделот за комуникации при турското Претседателство се нагласува дека претседателите Ердоган и Си, разговарале за прашања поврзани со соработката во однос на борбата против Ковид-19 и за билатералните односи помеѓу двете земји.