Читајќи го Ибн Халдун и неговата перцепција за односот во општеството, и парадигмата по неговото мислење дека цената на цивилизацијата е губење на општествената кохезија и солидарност на заедницата и чесните луѓе кои одат заедно со тоа, ми се врти мислата на кој начин муслиманите се однесувале во нивната декаденца. Разбирањето на Ен – Недеви за декаденцата на муслиманите и што изгубил светот во тоа, добива на тежина во време кога умот и мислата (од Муслиманите) е во дисперзија. Муслиманскиот ум, ако можеме да го ословеме така, е преокупиран со тривијални теми и содржини кои по секоја цена мора да добијат reductio ad absurdum (доведување до апсурд) без обзир на нивната важност и корист, со користење на силогизам до недоглед.

Хегеловото разбирање на вистината кога им рекол да видат колку е сатот и да констатираат дека кога погледннале на сат било точно пладне, па им рекол да ја запишат таа вистина на лист, Хегел приметува дека една вистина не може да престане да биде вистинита затоа што е формулирана писмено, им рекол после неколку минути повторно да погледаат на сат и повторно да го прочитаат тоа што го напишале, па виделе дека вистината се претворила во заблуда, бидејќи не е точно пладне, туку пладне и неколку минути, овае негово разбирање на вистинате и аргументирање ја рефлектира ситуацијата на муслиманскиот дискурс денес. Наместо синергија на сите муслимански умови, капацитети и можности, ние си дозволуваме луксуз на дисперзија и фрагментација на муслиманскиот ум и мисла. Додека едни веќе со години гледаат во небо исчекувајќи го Мехди а.с, други на сличен начин свртени со своите лица кон Дамаск и расправајќи на кое шерифе и минаре ке слезе Иса а.с и го чекаат Иса а.с, трети со години расправајќи за мубарек ноќи дали се мубарек или не, чертврти критикувајќи се што се случува било добро или лошо, петти само детектираат и скенираат се што не чини и не треба а при тоа без понуда на решениа, шести осврнувајќи се на…седми кливајќи со глава… осми…деветти… и се така со години до безвест, и не е толку за чудење во каква состојба и на кој степен сме ние муслиманите како на локално така и на глобално ниво.

Тоа ни го враќа сеќавањето на времето кога муслиманите ја губеле Андалузија (Шпанија), а поставувале прашања и трошеле енергија за тривијални работи, а државата и опстанокот им бил во прашање, (и секако, ја изгубиле Андалузија и биле убивани и протерувани), исто така и во времето кога паѓале Багдадските капии, муслиманите расправале дали може да се клања со стаклени местви и секако Багдад паднал и бил заземен од Монголите, се пренесува дека реката Тигрис постанала црна од мастилото од сите книги кои Монголите ги фрлиле во реката. Дали ова ни укажува нешто и дали не подсеќа на ова време кое живееме? Потребна ни е синергијата на бистрити муслимански умови и мислители во денешницава.

Кога е во прашање чистата душа, Возвишениот Аллах џ.ш се колни со девет заклетви во сура Еш-Шемс, дека ќе ни биде спасен односно ќе успее само оној кој ја очисти душата. Душата е од Возвишениот Аллах така чиста дадена во човекот и така и треба да биде вратена. Во овие мубарек Рамазански денови, дадени ни се три крунски дарови понудени во контекстот на искористувањето на рамазанското време (три третини на Рамазан). Исто така, дар на Бедр кој ни го даде Возвишениот Аллах, како начин на опстанокот на единствениот озворен монотеизам, и борбаа (џихад) со перо и мастило (наука), која трајно војува како би опскрбила со мудрост и знаење, со етхос на духовната доблест и моралниот сегмент. Дарот на постот (оруч) ој е од Аллах дадена духовно задоволство во рамазанско време, е награда која пред се за суштинскиот пост не ја добива телото на постачот (две радости кој постачот ги има за ифтар), туку душата на постачот која патува во своето рамазанско патување ткаена со атрибути кои во улазната вертикала на спознавање допираат до микрокосмичкото или мушафското неуморно Кур’анско богатство. Према тоа, наградата не се дава само за гладување и жед, туку и за комплетен пост (оруч) со сите наши сетила. Со постот и духовната софра, ја чистиме нашата душа и ја воздигнуваме метафизички од повозвишени цели. Затоа ни е потребен бистар ум и чиста душа, како би ја комплетирале нашата улога на земјава.

Автор, м-р Мухамед Шемоски.