Општина Струга потпиша договор за изградба на филтер за пречистување на водата за пиење

Денес градоначалникот на Општина Струга, г. Рамис Мерко потпиша договор за изградба на филтер за пречистување на водата за пиење во с.Подгорци. Оваа инвестиција на Општина Струга чини околу 2,5 милиони денари и ќе послужи за да ги задоволи потребите на жителите на селото, кои до сега немаа пристап до чиста вода што воедно претставуваше и опасност по нивното здравје.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга