Колумна на Шемоски: Бедр, само историска случка или константа и инспирација

0

Бедр, само историска случка или константа и инспирација

Многу се пишувало и пишува за битката на Бедр, многу се кажува и раскажува за оваа вистина, која de facto е предмет на интересирање и повторно изучување не само за муслиманите, туку и за другите гностици или агностици, оријенталисти, историчари, теоретичари и др.  Битката на Бедр се случи 17 Рамазан втората година по Хиџра (624 г.), помеѓу од една страна многубројните мушрици (многобошци) који ги мачеа, убиваа и протериваа малкуборјните муслимани од Мекка и од дргуа страна протераните муслимани од Мекка (мухаџири) и муслиманте од Медине (енсарии) на чело со Пејгамберот Мухаммед а.с., кои беа малобројна заедница (во оваа битка три пати поголем беше бројот на мушриците во однос на муслиманите). Пред сѐ, треба да се напомене дека уште во Мекка, во едно општество defraudare, малкуборјните муслимани, оние кои поверуваа во Аллах џ.ш. и во она што го пренесува Мухаммед а.с., беа одма ставени на неколку искушениа и испити, така што беа изложени на разнии тортури, малтретирања, мачења, тепање, па дури од страната на истите мушрици беа гетоизирани во близината на Мекка во местото Ши’б, каде што беше забрането да се мажи и жени со нив, да им се донесува храна и вода, ниту на било кои начин да им се помогне, секако овој испит и искушение го положиа со најголема оцена, никој ниту се предомисли нити се откажа од Аллаховата вера. После тоа следниот испит беше 12 години по објавата на Кур’анот, кога беа приморани на хиџра (преселување од Мекка во Медина), односно присилно напуштање сѐ што имаа во својот роден крај (членови на семесјтво, имот и сл.). И тој испит го положија без да прашуваат ни како ни зошто, туку ја послушаа нерадбата на Мухамед а.с.  На една страна беше исламот и жртвување на себе си и имотот, а на другата страна беше комодитет, угоден и раскошен живот, со игри и забави, а муслиманите поради возишените цели, поради верата, честа, искреноста и правдата, го одбраа „потешкиот“ пат на неизвесност, мерен према човековите мерила, меѓутоа, кога мерилата ги поставува Апсолутен праведник, ќе видеме дека одбраниот пат е правиот пат, кои ќе им донесе невидени успеси слава кои покасно со години ќе ги гледаме (заземање на најмоќните цасрства во тоа време, проширување на исток и на запад, кратко речено владари на светот).  Полсе овие неколку испити и искушениа, следува следен испит кои е поинаков од досегашните. Ако не се приступи на овој испит, тоа би значело дека досегашното нивно жтрвување би изгубело смилса. А тој испит и искушение е големиот Бедр. Не навлегувајќи во историски детали, причини кои и предходеа на битката, начинот и текот на самата битка, кои се општо познати, сакам да направам една дистинкција, како би нашата спознаја за Бедр колку толку  добила можеби малку поинаква димензија. Бедр, кое во етимолошка смисла е име на место (околу 150 км југозападно од Медине), има многу подлабоки и повозвишени значења, посебно во срцата на муслиманите. Бедр во симболичка смисла означува слобода, победа, борба за човекови и верски права кои им беа ускратени на муслиманите во Мекка, нов почеток на муслманската заедница во Медина, во контекст на признавање на статусот на муслиманите recognition/ reconnaissance пред сѐ од страна на нивните непријатели (со преговори и договори кои пред тоа не можеа ни да се замислат), оваа мала заедница веќе постанува фактор во делокругот на општествено-политичките и дипломатски текови во тој период на тие простори и пошироко, постанува војна, политичка и верска стварност. Бедр је пресвртница во историјата на човечанството, од причина што од една толку мала хипотрофна заедница, станува како уредена цивилизирана заедница (таа мединска држава има свој устав, кои представува цивилизациски скок, за првпат во историјата напишан устав од 52 члена, дотогаш тоа било непознаница) ова заедница прерастува, се појавува и се проширува на сите страни од светот, како општествена појава како во научна така и во религиска смила, и тоа трае до ден денес. Допринесот на муслиманските мислители и научници во разни научни природни и општествени дисциплини е неизмерлив, но тоа е друга и широка тема.  Бедр је симбол на битка помеѓу вера и невера, вистина и заблуда, квалитет и квантитет, праведници и насилници, правда и неправда, слобода и ропство, стварна сила и фиктивна сила, добро и зло и сл.  Поради ова, симболот на Бедр е константа која траје и ќе траје, затоа што Аллах џ.ш. не створил во суштина да бидеме добри и да препорачуваме добро а да одвраќаме од лошо, да ги браниме нашите и туѓите животи, имоти, вера, чест, ватан и сѐ што е вредно кое има морално и духовно значење. Бедр је и инспирација, затоа што секој од нас има свој индивидуален бедр, во суштина и секој народ во секое време има свој бедр, само е прашање дали ќе се уочи и дали ќе се биде на вистинската страна, против неправдите, понижувањата, одземањата на основните човекови права и слободи, или можеби човекот ни не приметува дека постанува роб само во модерен облик.

Бедр ни упатува многу пораки и поуки, само ќе спомениме некои од нив:

  1. Исламот не е рушилачка, крвничка ниту насилничка религија, без обзир на тоа што некој сака така да го представува (ова поопширно ќе го образложиме во друга прилика), а тоа го докажуваат и зборовите на Пејгамберот Мухаммед а.с. кој им ги упати на своите другари (асхаби) пред самиот почеток на битката, помеѓу останатото им рече: „…Ве одвраќам од насилство, а и вашиот Створител ви го забранува тоа…. Луѓето меѓусебно по добро се одликуваат и се спомнуваат… Со помош на стрпливоста Аллах во одлучните моменти ги отклонува бригите и тешкотиите и ги спасува луѓето од невоља и тага. Со стрпливост се постигнува спас на двата света..“. Целиот говор има големо морално и духовно значење. Исламот е вера која ги штити и чува човековата слобода, морал, чест, углед, имот и др. Исто така и во други битки Мухаммед а.с. им препорачува да не смеат да се убиваат старци, жени, деца, стоки, дури и не смеат да се сечат стеблата од дрвцата или посеаните земјоделски култури. Никаде не се поттикнува на насилство.
  2. Битката на Бедр настана од патолошка омраза према исламот и муслиманите, према поинакви разбирања на концепти и идеи од нивните вообичаени. Дали тоа не се случува и денес (исламофобија) во многу подрачја и во разни облици?
  3. Битката на Бедр докажа дека Аллаховата идеја не може да се победи со сабја (мач) и со било колкава и било каква сила, ниту тогаш, ниту денес ниту било кога. Мушриците се превареа дека може идејата да се уништи со сила, и многу други и денес се преваруваат дека може, но тоа е само заблуда и лажна нада. Аллаховата идеја, односно вера и светло на исламот ќе свети додека трае и светов, односно до Кијамет, без обзир на тоа колку сакаат и имаат желба да тоа светло биде угаснато.
  4. Одлучност на муслиманските борци, иако малубројни. Тоа го докажуваат и зборовите на неговите другари (асхаби) пред битката, па така Ел Микдад рече: „ Аллохов Пејгамбере! Оди по тој пат кој води до Аллаховата милост. Ние ќе те следиме. Сигурно ние нема да те изневериме како што го изневери народот од Муса а.с. него. Бори се со Аллахова помош и ние заедно ѓе се бориме со тебе.“ Исто така цврстиот збор од Са’д Ибн Муа’з кој му вели на Мухаммед а.с.: „О Аллахов Пејгамбере! Ние веруваме во твоето пратеништво. Ние сне ти со срце одани и сведочиме дека Кур’анот е вистина.Кога изговоривне шехадет, дадовне збор дека ќе те слушаме и следиме. Каде да тргнеш ние ќе идеме по тебе. Жими Возвишениот Аллах, ако од нас побараш да загаземе во море и да го пливаме, ние ке те послушаме. Не се плашиме од непријателот. Ние имаме му’мински срциња. Поведине во борба. Аллах е најголем!“ Можеме да се примети колку асхабите биле одлучни и доследни во она што го верувале.
  5. Убаво постапување со заробениците. Додека историјата кажува дека дотогаш заробениците воглавно се убивале, мачеле, гладувале и сл. после оваа битка за првпат хумано се постапува со заробеници. Таква е наредбата од Мухамммед.а.с. Овде се покажува и хуманоста на дело, за разлика од многу други случаи кога се постапува нехумано со заробеници. Па се забележува дека дури некои асхаби со подобра храна и повеќе го хранеле својот заробеник од себе, делиле вода и сл. Услов да се ослободи заробеник би бил да научат баре десет муслимани да читаат и пишуваат (овде се гледа колку важност Мухамед а.с. му давал на учењето), а тие заробеници кои не биле писмени а биле богати, можеле да ја откупат својата слобода, а тие кои не биле ниту богати ниту писмени, на крајот биле ослобедни без било какав возврат. Воодушевени од вакво постапување со заробениците, дел од нив и прифаќа ислам.
  6. Добра припрема и стратегија. За било која работа, многу е важна припрема.
  7. Војска која е иако помалубројна, ако е идејно-политички определена, психо-физички спремна, духовно јака па макар и технички послаба, може да победи повеќебројна и технички посупериорна восјка.
  8. Слушање на надредениот, односно предпоставениот. Овде се гледа резултатот, односно победата, за разлика од Ухуд каде што поради непослушност до крај на наредби, сѐ случи пораз.
  9. Дова. Обраќање кај Аллах џ.ш., во сите ситуации, како што упате дова Мухаммед.а.с.: „О Аллах, ако ова мала група верници настрада и биде поразена, нема повеќе кој да Ти се обраќа со дова и молба“.
  10. Пристигнување на помош од Аллах џ.ш. со мелеки. Тоа го потврдува Кур’ан (Ел Енфал, 9-12). Како ги помогнаа мелеките? Како се бореа заедно со луѓето? Како воопшто е можно средба човекот со мелек? Познато е дека мелеките се среќавале со Пејгамберите, дека мелекот и се појаве и на Мерјем, но како се сретнале со асхабите? Возвишениот Аллах зборува за чесните верници кои кроз своите ибадети постигнуваат степен на искрените, послушните, преданите и побожните. Во таква состојба (хал) на побожност (теквалук) душата и духовните вредносто добиваат примат, тие засјајуваат и засветлуваат. Кај тие луѓе гледаме восхитување, радост, задоволство, које осветлува и другите ги возхитува и радува. Ги приметуваме исто така и сите морални доблеси и вредности со кои Аллах џ.ш. ги опиша верниците, муттекиите, како исијваат со својата доброта, благост и сусретливост. Такви биле асхабите. Таквите нема да ве издадат и изневерат,  без обзир на искушениата на кои се наидува. Спремни се секогаш да помогнат без обавези и протууслуга. За таквите како Јусуф а.с. кои исијаваше со својата доброта и убавина, спремни сне да кажеме: Ова не е човек, ова е мелек чесни. E баш такви биле асхабите, ученици од Мухамеда а.с., кои го поминале неговото училиште на воспитание и образование. Затоа Мухамед а.с. ќе рече: Моите асхаби с екако звезди на небо, за било која да тргнеш нема да залуташ. Кога го достигнале овој степен, тогаш заслужиле мелеките да бидат со нив. Да, мелеки пристигнаа во помош, но откако се виде одлучноста на муслиманите и искористување на сите човекови можности и ресурси. Секогаш човекот треба да ги користи своите капацитети, знаење и можности и да се ослони на Аллах џ.ш. Погрешно е човекот да се ослонува на Аллах џ.ш. а притоа да не презема ништо и ништо да не работи, да остане пасивен.
  11. Една од најважните пораки е содржана во реченицата каде што Мухаммед а.с. им рече на своите другари:„ Се враќаме од мала битка во голема битка, а тоа е со самите себе си“. Овие зборови на Мухаммед а.с. ни укажуваат дека борбата (џихад) со своите слабости, пороци, лоши навики, страсти и др. ќе трае во текот на целиот живот. Исто тако муслиманите во овој подухват се повикани да се борат на сите полиња: интелектуални, општествени, економски, духовни па и домаќински.

Покрај сите овие поуки и пораки, борбата против злото, неправдата, зулумот, борбата со самото себе, со нашите лоши мисли, завидност, љубомора, шкртост, алчност, или таканаречено нашата борба со проклетиот шејтан (ѓавол, сотона) ќе трае сѐ додека сне живи. Затоа Бедр не е само една историска вистина, него Бедр е инспирација за успех и константа.

Автор:Мухамед Шемоски