Во текот на ноќта е објавена уредба која дозволува повторно одржување на верските обреди во Франција, откако Министерството за внатрешни работи и водачите на верските заедници се усогласија „за мерките што треба да се преземат за да се обезбеди здравствена безбедност на сите“ при верските служби, јави дописникот на МИА.

Дезинфекција на рацете и задолжителна маска, филтрирање на влезовите во верските објекти, со што се дозволува верските церемонии повторно да се одржуваат од оваа сабота според условите утврдени со уредба објавена во службен весник и која веднаш влезе во сила. Овој текст го надополнува указот од 11 мај за мерките за борба против Ковид-19 во контекст на здравствената состојба.

Министерот за внатрешни работи и одговорните за религии се согласија за време на состанокот „за мерките што треба да се преземат за да се обезбеди здравствена сигурност на сите“, објасни министерството за внатрешни работи во соопштението за печатот непосредно пред објавувањето на уредбата, во текот на ноќта. Оваа усогласена акција и беше наметната на владата, откако Советот на државата (Врховниот управен суд) во понеделникот и наложи да се укине во рок од „осум дена“ вкупната забрана за верски обреди содржана во указот од 11 мај.

Организаторите на верските церемонии и надлежните на верските објекти треба да обезбедат верниците да ги почитуваат бариералните гестови и физичката оддалеченост, да носат маска и да ги дезинфицираат рацете. На влезот во местото за богослужба, едно лице исто така ќе треба да ги регулира протоците за да не се надмине максималниот број на посетеност (едно лице треба да има на располагање 4m²). Мерките се применуваат за „секое лице на возраст над единаесет години и кое влегува или останува во овие установи“, се вели во Уредбата.

Префектите на департаманите можат да го отворањето или да наложат затворање на место за богослужба доколку не се почитуваат овие правила, велат од министерството.

Аид ел-Фитр, празникот за прекин на постот што го означува крајот на светиот месец Рамазан, кој ќе се одржи во недела, кој традиционално се слави со големи колективни молитви во раните утрински часови, непосредно пред објавувањето на уредбата, францускиот совет за муслиманско вероисповед, потсети дека овие молитви не овој пат не можат да се одржат во џамиите.

TV21