Рамазан за некого, Бајрам за сите

Ќе го паметиме овој Рамазан со големото искушение што нè снајде. Бевме соочени со мал, со голо око невидлив вирус, кој со својата агресивност покажа колку сме слаби и немоќни. Целото човечанство чувствуваше страв. Сите народи, нации и сите држави, без разлика колку е голема нивната моќ и сила, беа беспомошни. Колку само беше човекот занесен и мислеше дека е семоќен, од големштилок и занос мислеше дека не може ништо да го спречи во неговите намери. Во екот на таа невоља, требаше да го слушнеме ајетот што се однесуваше на нас:

„Но навистина, човекот се засилува (охол), веднаш штом се чувствува независен, а кај вашиот Господ, навистина е враќањето“. (Ал-Алек, 6-8)

Месец Рамазан со вечерашниот акшам ни замина, колку само брзо заврши! Колку брзо поминаа деновите и ноќите на Рамазан! Цел месец како да беше само неколку моменти, а не е ли целиот живот ништо друго освен сплет и концепт на неколку моменти? Да, животот е навистина само сон, или како некои ќе речат дека живото е како слика во огледало, додека си пред огледало ја гледаш својата слика, кога ќе се тргнеш, исчезнува, додека вечноста и непролазноста, неминливоста му припаѓаат само на Оној кој е вечен: „Сè што е на Земјата е минливо, останува само вашиот Господ, Прекрасен Величенствен и Благороден“ (Ер-Рахман, 26-27).

Месецот рамазан кој беше, месецец на духовна и телесна чистота, месец на духовна и телесна реактивација, духовната димензија кој со постот (оруч-ессијам) ја окрепнавне и ја ојачавне нашата душа и нашата врска со нашиот Створител, како што ни кажува и Кур’ан:„… Леаллекум теттекун“, што значи:..да бидете богобојазни, да бидете свесни за Аллах џ.ш. да бидете Муттекии, и од друга страна телесната димензија која ни ја препорача Мухаммед а.с.: „Постите ќе бидете здрави„. Со постот ја препородовне нашата душа и го очистевне нашето тело. Исто така и социјалната димензија која ни раѓа чуство за оние кои што се немоќни, слаби, сиромашни и кој немаат облини оброци со храна. Рамазан беше и говорот на нашите минбери, украсувањето на нашите минариња, рамазанот беше предмет на нашите разговори и веселби, животот на нашите џамии, учње и слушање на Кур’ан, зикрови, тесбихи, весели цемејни ифтари и тихи семејни сифири во длабочината на ноќта.

О месец Рамазан!

Колку е само големата разлика на твоето доаѓање и твоето заминување. Те дочекавне со радост, со нада, со желби, желно ја исчекувавне твојата чистота, како пролетна роса која ја пери прашината на листовите, така твојата чистота да ги испери нашите гревови кои се таложеле во текот на годината. Те дочекавне еј Месец на милоста, берекетот и опрост од гревовите, со отворени очи ииспружени раце. Колку само сакавне да ти бидеме верни и дека ќе ги искористиме сите твои благодати и поклони со кои дојде.

Вечерва кога те исративне, нашите души чуствуваат чудни емоции кои се испреплетени меѓусебно. Тага и радост во исто време. Тоа може да го почуствуваат само вистинските верници, тага поради разделбата со тебе, разделба со најдобриот гостин, затоа што секоја разделба е сама по себе тажна. И среќни во исто време, затоа што се надеваме дека ги искористивне твоите благодети со кои те испрати Аллах џ.ш., и среќни што Аллах џ.ш. ни подари радост како би ја прекриле тагата. Таа радост е Бајрам, како награда за постачите (оручлиите), за оние кои исправно го дочекаа овој мубарек гостин, како награда за оние кои ги оставија и храната и пијалок, и телесните уживања, само заради Аллаховото задоволство. Кога од зори па до заоѓање на сонцето, гладни и жедни, ја чуствуваа близината на Створителот. Е баш за нив, Бајрам е дуњалучка (овосветска) плата, награда и радост за таквите. Не, Бајрам не е празник, празник значи нешто празно, а верникот нема своја празнина, па и на Бајрам е обавезен да ја држи врската со својот Створител, преку своите ибадети, Бајрам е мубарек благословен ден, во кој верничките души пливаат во бескрајот на Аллаховата награда, задоволство и радост.

Какви ли се чуствата за Бајрам на оние кои ниту еден ден не пoстиле, ниту еден ден не клањале намаз, не читале Кур’ан, не направиле никакво добро дело? Каков е нивниот Бајрам? Сигурно не ја чуствуваат таа радост која извира од Возвишениот извор. Како само се чуствуваат бедни, жалосни, тажни,понизени, иако со нови одела, со многу накитени дворови и куќи, со спремени разни богати јадења, торти и баклави, али нивната душа е празна, тоа задоволство не можат да го осетат, осим оние кои постеле. Има многу меѓу нив кои бараат разни оправдувања за зесебе. Дека не можеле поради болест, поради работа, поради ова или она, меѓутоа тие знаат дали е така, а Аллах сигурно знае. Има и оние кои своето оправдување го поткрепуваат со незнаење или џахилијјет. Па често можеме да слушниме: јас сум во џахилијјет, или братот е во џахилијјет и сл. Драги пријетеле, џахилијјетот е време кое е поминато, време кога не се знаело за Аллах џ.ш., за Кур’ан, за ислам, за Мухаммед а.с. и тн. Дали има некој на целата планета Земја а да не слушнал за Аллах, за ислам, за Кур’ан, за Мухаммеда а.с. ?! А да не зборуваме за муслиман кој е роден во муслиманско семсјтво, со муслиманско име, со проучено езан на увото по неговото раѓање, дека не слушнал за Аллах џ.ш., за Мухаммед а.с., за Кур’ан. Дали има  баре еден муслиман а да не знае дека алкохолот е харам (строга забрана), крадењето е харам, коцкањето е харам, прељубата-блудот е харам, лажењето е харам и уште многу други харами, или да не знае дека намазот е фарз (строга наредба), постот (оручот) е фарз и сл ?! Нема ниту еден. Затоа пријателе не си ти во џахилијјет и нее џахилијјетот крив, него ти си во далалет (заблуда), затоа што тој е твој избор, ти си одбрал да живееш така. Пошто има мекански и медински период на објавување во Кур’ан, многу муслимани на жалост живеат уште во мекански период, тврдат веруваме а ништо не работат во складот со тоа. Меѓуто, не е и за таквите изгубена надежта, Аллах џ.ш. ги повикува,

За нив е пораката:

„Кој прави лошо или греши против себе и тогаш го замолува Аллах да му прости – ќе најде кај Аллах дека простува и е милостив“. (Ен-Ниса, 110)

Па вратете се кај Аллах џ.ш.

На тие што им изгледаше дека е тешко, видоа дека нивните другари и познаници кои се впуштеа да го дочекаат рамазан онака како доликува на еден посебен гост, излегоа како победници према своите страсти. Видоа дека помина и овој мубарек Рамазан, никој од пост не умре, никој од пост не се разболи, никому постот не наштети, напротив, постот воздигнува духовно и  оздравува и чисти телесно.

Што после Рамазан ?

Ако заминува месец Рамазан, не заминува и нашиот Госпдар Аллах џ.ш. Господарот на Рамазан е Господар на сите месеци.

Сега кога се опростуваме од Рамазан, сакаме да разбереме дека во суштина не заминуваш ти еј Рамазан, затоа што кај нас го обнови концептот на нашиот живот, и сакаме ти да ни бидеш концепт на нашиот живот и по твоето заминување. Сакаме да твоите трагови останат во нашите души, срца и дела до следното твое доаѓање. Кога поново ќе дојдеш, да не најдеш во подбра состојба, да не се засрамеме со следното твое доаѓање. Покажавне дека имаме самоконтрола, дициплина и одлучност да му бидеме покорни на Возвишениот Аллах џ.ш. и со откажување и оставање на халал работи во Рамазан, кои се иначе дозволени како јадење, пиење и др. а зошто да не го оставеме и харамот и работите кои се иначе забранети? Кога можеше да го оставиш халалот во Рамазан поради Аллахово задоволство, зошто не можеш да го оставиш и харамот во останатите месеци поради исото тоа Аллахово задоволство?

После месец Рамазан доаѓа месец Шеввал, во кој е убаво да се пости (оруч), па кој ќе испости (оруч) 6 дена од месец Шеввал и со постот (оручот) од Рамазан, ќе има награда како да постил цела година.

Исто така после доаѓа, Зул Каде па месец Зул Хиџџе, во кои месец се наоѓаат десет најубави најодберени денови па и ноќи. Значи, не треба да се опуштаме во гревови, да бидеме секогаш во самоконтрола и дициплина, како што биле асхабите, 5 месеци биле под влијание на впечатоците од Рамазан, а потоа веќе  6 месеци се припремале за повторно доаѓање на месец Рамазан. Тоа ќе ни помогне да сне секогаш при свест за Аллах џ.ш.

Живееме во општество каде има многу рани од секаков вид, општество што е кревко и чувствително. Поправањето на состојбата во него не може да се прави на груб начин. Аллах џ.ш. нè советува на луѓето да им се обратиме на љубезен начин, дури и кога знаеме дека прават грешки, да избегнеме уште поголема фрустрација или, не дај Господе, да произведеме омраза. Кулминација на моралната будност укажана од сите Пејгамбери е дека не им правиме на другите она што не би сакале да ни го направат. И Мухамед,а.с, кажа дека таквото однесување е дел од верата кога рече: „Никој од вас нема да верува, додека не му посакате на својот брат она што го сакате за себе“.
Оние што им судат на луѓето лесно прават најмногу грешки, а најлоши луѓе се оние кои опстојуваат во својата грешки. Тешки морални последици остава гревот што еден човек своеоволно  го прави на својот брат или сосед, затоа Рамазанот не научи да бидеме внимателни према другите луѓе.

И да се не заборави дека Господарот на Рамазан е Господар на сите останати месеци.

  Го молам Алах џ.ш. да не упати на прав и вистински пат, да ги прими сите наши ибадети, да ни ги опсрости гревовите. Амин!

Автор:М-р.Мухаммед Шемоски