Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.

„Во телефонскиот разговор е разговарано за билатералните односи, како и за настаните во регионот, пред се за Либија и Сирија“, се наведува во соопштението.

Се истакнува дека двајцата лидери се согласиле за продолжување на политичката и воената соработка меѓу двете земји со цел осигурување на мирот и стабилноста во регионот.

„Потврдено е дека нашите народи се во солидарност што се однесува до борбата против пандемијата на новиот вид коронавирус“, се додава во ова соопштение.

Anadolu