АНКАРА (АА) – Над 2 милијарди турски лири се собрани досега во рамките на турската Национална кампања за солидарност за помош во борбата против Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Околу 2,03 милијарди турски лири (речиси 300 милиони долари) се собрани преку повеќе од 6,4 милиони мали донации преку текстуални пораки“, соопшти Зехра Зумрут Селчук, турската министерка за семејство, труд и социјална политика.

Кампањата беше започната од претседателот Реџеп Таип Ердоган на 30 март, со цел да се обезбеди дополнителна поддршка на лицата кои страдаат финансиски како резултат на преземените мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Селчук изјави дека Владата има воведено пакети за економска и социјална поддршка на граѓаните и дека средствата собрани во рамките на Националната кампања за солидарност се искористени за обезбедување дополнителна помош на оние што имаат потреба.

„Би сакала да се заблагодарам на секој член на нашата дарежлива нација кој има земено удел и ја поддржа кампањата. Апелирам овие акти на добрина и вашата поддршка да продолжат до крајот на кампањата“, рече министерката.

Anadolu