Американскиот оддел за трговија воведе санкции за девет кинески институции и компании за кршење на човековите права над Ујгурите во автономниот регион Ксинџијанг.

– На списокот на санкции се вклучени научниот институт за судска наука при Министерството за безбедност на Кина и осум кинески компании. Како дел од санкциите, овие девет компании ќе бидат изложени на нови ограничувања за пристап до американската технологија, се вели во соопштението.

Беше истакнато дека овие компании ќе се соочат со строги правила при купување американски производи.

„Овие девет институции се вклучени во криминални активности како што се кршење на човековите права, злоупотреби, кампањи за угнетување и самоволно апсење на кинески ујгури и други муслимански малцинства во автономниот регион Ксинџијанг“, се додава во соопштението.

Американскиот оддел за трговија воведе санкции за 24 други институции и организации со седиште во Кина, „за учество во активности што не се во интерес на националната безбедност или надворешната политика на САД“.