СЕНЕГАЛ: По повод Рамазан Бајрам, помилуван 1021 затвореник

0

Претседателот на Сенегал, Меки Сал, по повод претстојниот Рамазан Бајрам помилува 1.021 затвореник.

Министерството за правда соопшти дека претседателот Сал помилувал 1.021 затвореник осуден за помали кривични дела.

– Дозволена е амнестија со цел затворениците да ги поминат празниците на Ејмид со своите семејства и со цел да се забрза нивната интеграција во општеството – се наведува во соопштението.

Меѓу амнестираните затвореници се помлади, постари и оние со сериозни здравствени проблеми.

Претседателот на Сенегал може да додели амнестија по повод Новата година, Денот на независноста и Рамазан Бајрам и Курбан Бајрам.

Претседателот Сал помилуваше 425 затвореници минатата година по повод Курбан Бајрам