Ни замина најдрагиот мусафир, најубавиот месец, месец Рамазан.Месец во кој иншАллах Возвишениот Аллах ќе ни ги опрости гревовите, укабули сите наши ибадети и дови.

Facebook: Feim Isakoski

Да нё сочува од сите тешкотии и лоши предизвици, да биде задоволен со нас и да ни подари џеннет.

Овој пресветол месец го поминавме во сосема поинакви околности, околности на затворени џамии, без преубавите теравии, без џагорот на децата околу тапанџијата, без нашите најблиски кои се надвор од родниот крај, родното огниште.

Ама. ИншАллах и во тоа има хаир, се дружевме и вршевме ибадет со нашите најблиски и најдраги, нашите домови беа претворени во месџиди, а нашите најблиски во секојдневен џемаат.

Нека возвишениот Аллах биде задоволен со нашето однесување во текот на овој месец,  нека ни овозможи и на наредниот Рамазан во поинакви околности како што наликуваат да му ја отвориме вратата и заборавиме на она што го оставаме зад нас.

Нека ни подари здравје, хаир и среќа и обдари со разум.

Нашиот Рамазан со кого 30 дена се дружевме пополека си замина, оставајќи мала тага во нашите срца, ама сепак постетувајќи не дека ни доаѓа уште еден драг гостин, мусафир и радост за секој муслиман, круната за секое еден постач, драгиот Рамазан Бајрам.

Нека овој Бајрам иако не можеме да го угостиме како што треба и наликува, не потсети на вредностите кои понекогаш ги забораваме, вредностите за секој муслиман, во кои исламот и читањето на Кур`анот треба да продолжат и после Рамазан Бајрам, и иншАллах и следната година да си го дочекаме, а молиме Возвишениот Аллах да ги одтргни сите лоши работи како овие годинешните, работи кои срцата на муслиманите и оние постачите ги направија тажни.. Да заборавиме на сите нив, и отвориме вратата и посакаме добредојде на Рамазан Бајрам.

Нека ни е честит и за многу години Рамазан Бајрам.

Ваш Дубаи Портал.