Порака од Трамп по повод Рамазан Бајрам: Денеска сме посвесни за пораките на исламот за братство

0

Американскиот претседател Доналд Трамп објави порака по повод Рамазан Бајрам во која им го честита празникот на сите муслимани.

Трамп во својата порака со честитка го истакна следното. „По повод Рамазан Бајрам Јас и мојата сопруга Меланиа ги испраќаме нашите најискрени поздрави до муслиманите во САД и во целиот свет.“

Трамп воедно нагласи дека во период кога продолжува борбата во светот против новиот тип коронавирус (Ковид-19) луѓето се одржуваат во живот со своето верување и со својата верба кон своите семејства и другари.

Велејќи дека денеска се посвесни за пораките на исламот за братство, американскиот претседател Доналд Трамп во својата порака го додаде следното: „Со најискрени желби ви го честитаме Рамазан Бајрам.“

TRT