Саудиска Арабија во целосен карантин за време на Бајрам

0

Целосната забрана за движење во Саудиска Арабија стапи во сила синоќа, пред почетокот на Еид ал-Фитр – Рамазан Бајрам, изјави претставникот на Министерството за внатрешни работи, Талал ел Шалхуб.

„Полицијата, со почеток од 17 часот во петокот, ќе ја спроведе одлуката објавена порано, поврзана со забраната за движење во сите градови и области на Кралството до крајот на денот во среда, 27 мај“, соопшти Ел Шалхуб.

Како што се наведува, властите на Кралството порано предупредувале дека овие мерки се воведуваат поради ширењето на короната и дека ќе трае пет дена.

Бројот на пациенти со корона рапидно расте. Вчера е откриен најголем број заразени за еден ден – 2642 лица. Од почетокот на пандемијата, заразени се 67,7 илјади Саудијци.