Припадниците на бунтовничкото шиитско движење Хуси во Јемен извршија напад со балистичка ракета на воениот камп во Мариб, јавува Агенција Анадолија (АА).

Воени извори тврдат дека во нападот на воениот камп „Сахн ал Џин“ во Мариб, кој привремено се користи како привремен штаб, загинале седум лица.

Нападот е извршен за време на седницата на која присуствуваа високи официјални претставници, меѓу кои се и министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на Jemen.

Истите извори тврдат дека меѓу загинатите се и синот и внукот на началникот на Генералштабот и пет војници, додека началникот и министерот го преживеале нападот.

Јеменските власти и Хусите сѐ уште не се огласија во врска со нападот.

Јемен е упориште на судири и насилство од 2014 година, кога проиранското бунтовничко движење Хуси ја презеде контролата во поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана.

Конфликтот ескалираше една година подоцна кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници почнаа да изведуваат воздушни напади против Хусите во Јемен, поддржувајќи ја просаудиската власт.

Од 2016 година досега загинаа повеќе од 70.000 лица, проценуваат Обединетите нации, а 14 милиони се соочуваат со екстремен глад.

Anadolu