Полицијата во Минеаполис употребила солзавец во судирот со неколку стотини граѓани кои протестирале поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој починал во понеделникот за време на приведување.

Граѓаните се собрале на улицата на која Флојд починал извикувајќи: “Не можам да дишам” и “Кренав раце, немој да пукаш”.

На собирот на граѓаните му претходело соопштението дека четворицата полицајци кои се вмешани во апсењето на Џорџ Флојд, кој починал во полициски притвор, се отпуштени од служба.

Случајот привлекол внимание од јавноста, откако очевидците ја снимиле и ја пуштиле на социјалните мрежи снимката од интервенцијата на која се гледа бел полицаец, како клечи на вратот на осомничениот, додека овој го предупредува дека не може да диши.

Еден од очевидците на трагедијата рекол дека полицајците се обидувале да го стават осомничениот во задниот дел од патролното возило.

Посведочил и дека слушнал дека мажот, кого го приведувале, им рекол дека е клаустрофобичен.

Очевидецот пренел дека, во моментите додека на вратот му било полициското колено, осомничениот го довикувал името на својата мајка, а потоа починал.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа неидентификуваниот полицаец кој ја игнорирал молбата: “Те молам, те молам, не можам да дишам. Те молам човеку”.

Починатиот маж бил идентификуван како Џорџ Флојд, објавил Бен Крамп, адвокатот ангажиран во областа за заштита на човекови права, кој соопштил дека ќе го претставува семејството на Флојд.

Неговата смрт е под истрага од Федералното истражно биро (ФБИ) и локалните власти.

Градоначалникот на Минеаполис упатил пораки на извинување до црната заедница во градот.

Полицијата соопштила дека починатиот маж одговарал на описот на лице осомничено во случај со фалсификување на продавница за прехранбени производи и се спротивставувал на апсењето.

Граѓаните се собраа на улицата каде што почина Флојд, извикувајќи: „Не можам да дишам” и „Кренав раце, не пукај”, пренесува Гласот на Америка.

За време на протестниот марш до полициската станица, неколкумина ги оштетија прозорците на таа зграда, испишуваа графити и оштетија патролно возило, поради што полицијата употреби солзавец за разбивање на демонстрациите, јави Јавното радио Минесота.