„Една од основните работи кои треба да ги знае еден новинар, е таа дека тој со својата етика и морал кои ги поседува им служи на граѓаните во својата земја. Така е со секоја професија, но новинарството е една од најодговорните работи. Кога спомнав да им служи, сакав да потенцирам дека тој треба транспарентно и точно да ги пренесува вестите до граѓанскиот аудиториум кој мора да биде добро известен.“

„Сето ова е чиста утопија, посебно за Македонија во која на највулгарен начин и без трошка совест се демонизира и се сатанизира медумскиот простор. Фабрика на лаги е нашиот медиумски простор т.е делот за јавно информирање. А како и да не биде кога на дневен план се произведуваат невистини за реалната состојба кај нас од страна на телевизиите, радиата и порталите.“

„Многу од нас би се запрашале зошто е тоа така. Одговорот е едноставен, а тоа е дека владата не сака никогаш граѓаните да знаат што таа работи и сето тоа се прикрива со прикривање на состојбите, а секако владеачката гарнитура преку своите медиуми кои ги потплатуваат се обидуваат преку нив да изградат една слика за тоа дека тие успеваат во своето владеење. Очигледно е дека тие им кажуваат што ќе прават, им ги уредуваат вестите, уредувачката политика, програмите и др.Тоа се случува во секоја владечка гарнитура. Желбата да се доминира со јавното мислење оди до таму што има примери како се прави обид со притисок врз уредниците на Јавниот сервис т.е, МРТ да прави уредувачка политика каква ќе им одговара на актуелната власт.“

„Секако тука не треба да генерализираме, затоа што во медиумите работат и такви новинари кои добро си ја знаат работата и тие се исклучок. Но што со тие новинари кои се потплатени од владеачките елити. Тие се оние кои се криви за лошата слика на новинарството како кај нас така и во извештаите на многу релевантни субјекти. Оваа новинарска елита се става во таква положба затоа што е длабоко потплатена со државни пари и баш им е гајле за новинарска етика и морал кои за нив претставуваат мисловни именки.“

„Мора да сфатиме дека во нашата држава мора да проработи новинарската етика и морал, а не тие да се мисловни именки. Секој граѓанин мора да ги зема со резерва вестите кои што ги добива преку средствата за јавно известување посебно во ваква ситуација во која медиумскиот простор е лишен од добри новинари, а ЗНМ или институциите кои се за подобрување на состојбите.“

Автор: Сафет Беќироски