Во време, кога Македонија сеуште се бори со епидемијата на корона вирусот, за жал на повидок во нашите краишта се случуваат и работи кои токму и се случуваат за време за времетраењето на полицискиот час.

Денес до редакцијата на нашиов портал ни беше испратено видео од страна на нашиот сограѓанин Октишанец Демир Асаноски, во кое видео јасно се укажува на спроведување на вандалски чин, односно уништување на делови од планината Јабланица, односно октишкиот дел познат како “Оџови Кутли“.

Според информациите од нашиот разговор со г-динот Асаноски, станува збор за спроведување на спроведување на злосторство (дрвосеча) на планината Јабланица, односно оној дел кој е во непосредна близина на населбата Октиси.

Станува збор за дрвосеча која се извршува по втор пат, и тоа за време на полициски час. Очигледно е дека надлежните институции не функцинираат како што треба штом дозволуваат, односно никој не сноси одговорност за ваквиот чин, ни изјави г-динот Асаноски.

Сечата е извршена речиси во два дела со должина некаде од 200 метра, и според моја проценка станува за некаде околу над 100 м3 отсечено дрво.

Згора на тоа, при доаѓање на местата каде што се врши дивосеча,се користи, злоупотребува и приватен имот.

Веднаш реагиравме, патиштата од Октиси кон овие делови се блокирани, меѓутоа за жал лицата кои ја спроведуваат сечата, до овој дел каде ја извршуваат истата пристигнуваат низ пат кој води од Вевчани.

Ние нема да застанеме тука, веќе започнуваме со формирање на координативно тело, во кое ќе бидат вклучени Месната Заедница, Правни лица, како и невладини организации, преку кои ќе се обидеме да го сопреме ова злосторство врз нашата планина.

Наскоро, после оддржувањето на средба со жителите на населба Октиси, планирано е да одржиме мировен протест, втор по ред, и ставиме крај на ваквите нечовечки активности кои се спроведуваат кон природата, и воопшто животната средина. ни изјави накратко г-динот Асаноски.

Потсетуваме дека Октишани првиот протест преку кој ја анимираа јавноста за овој ново настанат проблем се оддржа на 21 фебруари во центарот на ова населба, притоа укажувајќи на потребата од запирање на ваквите активности, како и спроведување на активности и превземање на соодветни мерки за ставање на крај на ваквите активности.

А, ние почитувани во прилог Ви го презентираме видеото кое ни беше испратено од страна на г-динот Демир Асаноски, па самите просудете за што станува збор..