Како  жител на населба Подгорци, и вие бевте запознати и знаете како изгледаше патната структура во нашава населба.

Знаете дека долги години истата постојано делумно се рекoнструираше, што на некој начин претставуваше само делумно решение на овој проблем, кој ја преокупираше нашава населба.

Од тука имајќи ја во предвид потребата од решавањето на овој сериозен проблем, на иницијатива на Месната Самоуправа, во повеќе разговори со Општинските органи на град Струга, посебно со градоначалникот Рамиз Мерко, се донесе одлука за започување на оваа активност за која денес сведочиме.

Накратко кажано, станува збор за асфалтирање на патна мрежа во должина од 650 метра, наскоро слична активност ќе биде спроведена и околу делот на горно ориште, и со тоа на некој начин решаваме долгогодишен проблем, ни изјави г-динот Адем Ајдароски, претседател на Месна Самоуправа Подгорци.

Инаку колку за потсетување, ова е една од  низата на проекти кои веќе ги имаме реализирано за краток временски период,и тоа дел од нив беа во период кога нашата држава и воопшто светот се бори со пандемијата на корона вирусот.

Овде би сакал да напоменам уште одредени активности кои ги имаме реализирано, како и оние за кои се поднесени барања и за кои е добиено одобрување за нивна реализација.

Во однос на патната структура, изработена е бетонска подлога (бетонирање) во должина од 600 метра во дел од нашава населба позната како Шумадија, потоа следуваат патот кон новата џамија во должина 150 метра, реконструиран со бетон и нешто повеќе од 150 метра со асфалт, бетонирање на дел од патот кој води кон новата џамија, ова е друг крак.

Пред реализација е проектот околу поставувањето на трет филтер за водоснабдување на населбата, со што ќе се олесни и обезбеди уште подобро снабдување на населбата со вода за пиење и друга намена.

Не би сакал да заборавам да споменам дека во тек се подготовки и за асфалтирање на главниот пат кој води кон населба Подгорци, со вкупна должина од некаде 1500 метра, и за кого веќе има проект и кој чини околу 360000 денари.

Сите овие активности финансиски се помогнати од страна на Општина Струга, и се разбира г-динот Рамиз Мерко без чии напори и вложувања, овие пробпеми ќе ни останее како и секогаш.

Се разбира тука беше уривањето на стариот дом, како и изградба на соодветна просторија за Месната Самоуправа.

Наскоро продолжуваме и со изработка и спроведување на и останати проекти кои се однесуваат на инфраструктирата на населба Подгори, а за што ќе ја известиме нашава населба, бидејќи како што сега се одвиваат работите, од досегашните поднесени барања, досега истите сме ги реализирале 100%, ни изјави г-динот Адем Ајдароски, во врска последните активности, односно асфалтирање на дел од патната мрежа на населба Подгорци.