Шемоски: Додека парите зборуваат, вистината молчи

0

Навистина паднавме во историски глобален процес на општа криза, соочување и конфронтација на капиталистичкиот империјализам и хегоминизмот. Живееме во „општество на ризик“, како што би рекол германски социолог У. Бек. Повеќето ризици или опасности околу нас се резултат на некои други текови и процеси во кои немаме никакво влијание и мора да ги сфатиме многу сериозно во секој наш обид. На тој начин, нашиот живот стана покомплициран и стана апсолутно несигурен, неточен и скршен. Секој од нас кој се обидува да води проект, знае во која неизвесност се изложува и во што влегува. Затоа тој мора да има знаење, нерви, трпеливост, храброст, визија, смиреност и експлозивност  а во исто време и соработници, средства и др. Најлошото е кога оние кои не се во можност да си го водат својот живот, но ќе им најдат на сите на светот евтини забелешки од гледна точка на сопственото полуобразование и провинциска завист.

Тоа е посебен вид на платени „терминатори“ на новинарскиот цинизам и идеолошко-клерикални манипулатори кои се размножеле во наше време. Овие платеници ги тероризираат луѓето во јавноста без никаква одговорност или срам. Нивниот популистички концепт на знаење е најголемата опасност денес за нас сите. Појавата на десниот популизам во Европа (и во другите делови на светот) се објаснува како реакција на недостаток на било каква перспектива во односот на светот во кои основите и идеалите континуирано се менуваат. Неспособноста на доминантните институции и елитата за воочување на новата општествена стварност и незиното продуктивно обликување, поврзана е со структурата на тие иснтитуции и историјата на нивното настанување. Тие потекнуваат од светот чии водечки идеи беа потполна вработеност на сите (или намалување на невработеноста на најмало можно ниво), адекватна социјална заштита, функционален правен систем и владеење на правото, заштита на човековата околина, искоренување на сиромаштвото, еднаквост на луѓето, адекватна здравствена заштита за сите, образование за сите, услови за достоен живот на човекот, мир, сигурност, слободен проток на луѓе, услуга и стока  и тн.

Во тој наднационален концепт, каде државите поминувајќи го статичниот идентитет, со транснационален пристап етаблираа нов систем на вредности, каде државите со прифаќање на глобални обврски и одговорности го изгубија својот суверен и ја отворија вратата на глобалната трансформација. Тоа навистина отвори многу можности и перспективи за многу концерни, компании, фирми и воопшто за бизнисот, меѓутоа и цената која ја плаќаат малите држави е висока. Домашното производство останува неконкурентно на пазарот, државните субвенции или не одат на право место или не одат на прав начин, или се мали а пренадувани во медиумите. Потрошувачот односно крајниот конзумент не чуствува никаква разлика во цените од тие субвенции. Па така, цените во нашата држава на пример на леб, масло, месо, млеко, сирење и др. се скоро исти на пример како и во Германија, а стандардот на животот е неупоредив, а да не зборуваме за трошкови на струја, телефон, гориво и сл. Како е можно да се платите така мали а цените високи? Дали кај нас целата политика се сведува на предизборни ветувања и напишана платфрома на политичките партии а во пракса немаме ниту еден чекор подобрување? Во време кога имаме многу социјални случаи, во време кога иселувањето е едниствена опција за повеќето млади, во време кога по невработеноста сме на врвот, во време кога пензиите не им достигнуваат за основните трошоци на животот, во време кога јавните кујни се едеинствената надеж загрозените да добијат ручек, во време кога лековите со високите цени се карактеризирани како луксус, во време кога веќе стереотипично три децении слушаме дека сме во транзиција, па навистина веќе доста е, генерации на млади луиѓе се уништени со истите избледени, потрошени и искинати пароли, приказни и ветувања и со исто такви политичари, и не е веќе важно која е политичка партија и кој политичар е, потребна е типолошка префигурација како на партиите така и на политичарите.

Овде не станува збор за глобализација или против, затоа што глобализацијата не е судбина, глобализацијата може да се обликува, она што се нарекува класично „политика“ може да се оживи и да се објасни на нов начин, таа е пораката и тема на трилогијата која во глобализираната игра на моќта на мобилниот капитал, државата и општествените покрети, облици и правила „ на легитимната власт“ (Max Weber) можат да се распаднат и поинаку да се постават. Глобализацијата е идеална состојба  да се наметнат догми на просечност, каде човекот е како ресусрс кој треба да се искористи колку што може повеќе, а потоа не е веќе важен. Тоа се коси со примордијалните вредности на човекот. Овде е важен човекот и неговото достоинство, целата политика да се креира во служба и корист на човекот. Често пати мислеме дека знаеме што е „политика“ и „држава“, и познато ни е дека политиката се случува во парламентот, владата, политичките партии, предизборните кампањи и сл. Дали тоа не нé спречува на прашањата за основите на законската власт да го разбереме јазикот на борбата за моќ што го потресува светот? (Urlich Beck)  Сеуште вреуваме дека знаеме во која инстанца да се обратиме, како конечно би го решиле проблемот за јавно добро, но потоа читаме на страниците од стопанството во новините дека капиталот се одлеал „тамо“ или „вамо“, или за да се задоволат правилата на светскиот пазар кои ги надминува државните правила, се сличило „тоа и тоа“.

Извоз на работна сила е извоз на работни места, па така флексибилно разместување на производството, тековите на информации, наднационални организации, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија итекако навлегуваат и задиркуваат во нашите животни услови. Мора да го усвоиме фактот дека „глобалните еколошки кризи“ или „меѓународната политичка економија“ (а тие се клучни проблеми за кои стручњаците расправаат, секако пред појавата на пандемијата Ковид -19 која го зеде приматот)   го одредуваат дневниот ред на политиката. Правниците стекнуваат дојам дека државите веќе не се едини творци на меѓународните закони у судството. Локалните групи на активисти делуваат глобално, глобалните концерни управуваат на локално ниво, и на таков начин на слободен пазар доаѓа до исчезнување на мали претпријатиа, занаети и се губи „обичниот“ човек. Тука доаѓа до израз спосбноста на политичарите, да се снајдат во тој метеж, каде што ќе ги исполнуваат бараните услови од меѓународните фактори, а истовремено ќе го заштитат домашното производство и ќе ги зачуваат работните места. Улогата на протусилата на капиталот која ги рушува правилата, во јавната свест и во многуте истражувања не и се препишува на државата, туку на глобалното цивилно општество и на неговите различни актери. Но за жал, и тој цивилен сектор, полека ја губи својата улога кај нас, затоа што изворот на финасирање ги одредува смерниците на тоа цивилно општество.

Така, со вложување на пари, дали од одредени политички партии или на друг начин, тие веќе ја попримаат нивната идеа, и ги оправдуваат работите за кои нема оправдување. Вистината веќе ја губи својата моќ, многу процеси завршуваат пот „ќилим“. Тоа е моќта против моќ во времето на глобализација за која пишува Urlich Beck. Така кај нас вреди арапската поговорка: „Додека парите зборуваат, вистината молчи“.

М-р.Мухамед Шемоски