По карантинот Општина Струга од утре почнува со работа – сите вработени се негативни на Ковид-19

0

Општина Струга од утре поќнува со работа по една недела  карантин поради позитивен колега на Ковид 19.Од Центарот за јавно здравје велат дека деновиве се испитувале контактите кои вработениот ги имал со другите лица но ниту  еден од вработените не покажал симптоми ниту резултирал позитивно на вирусот. Извршена е целосна дезинфекција на зградата и сите простории така што вработените во администрацијата се враќаат на работа .

– Сакаме да ве известиме дека до денес ниту еден од другите вработени во администрацијата на Општина Струга не покажал симптоми ниту резултирал позитивно на СОВИД 19, но тоа не значи дека не треба да продолжиме да бидеме внимателни. Битката со КОВИД 19 сè уште не е завршена. Затоа, ве замолуваме да ги почитувате мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство, стои во соопштението на општина Струга.