Во Турција од коронавирусот (Ковид-19) досега оздравеа вкупно 160.240 лица

0

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се потврдени 23 смртни случаи.

Од почетокот на епидемијата бројот на починатите достигна до 4.950 лица.

Во изминатите 24 часа направени уште 40.496 тестирања од  кои се дијагностицирани 1.192 новозаразени, додека вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) изнесува 187.685 лица.

Заедно со уште 1.412 излекувани лица вкупниот број на оздравените пациенти во Турција се зголеми на 160.240 лица.

TRT