Годинешниов Хаџ организиран само за хаџиите кои живеат во Саудиска Арабија

0

Годинашниот хаџ ќе се одржи во многу ограничен број и ќе биде обезбеден само нза аџии што веќе живеат во Саудиска Арабија, соопшти саудиското Министерство за хаџ и умра. Хаџот ќе може да го извршуваат сите заинтересирани верници, без оглед на националноста.
– Оваа одлука е донесена за да се осигура дека хаџот се одржува на безбеден начин и во согласност со сите превентивни мерки и потребни протоколи за физичко растојание, да се заштитат луѓето од ризиците поврзани со тековната пандемија и во согласност со исламските учења во зачувување на човековите животи – стои во изјавата.

Владата на Кралството Саудиска Арабија посочува дека тие донеле одлука да се придржуваат кон основниот приоритет поврзан со одржување на безбедноста на аџиите во нејзината земја сè додека не одат во нивните матични земји.

(Вијести.ба)