Од извозот на мандарини од Турција во Русија за 5 месеци се заработени приближно 50,8 милиони долари

0

Турција во периодот од 5 месеци од оваа (2020) година оствари извоз на мандарини во Руската Федерација во износ од  50 милиони 790 илјади 424 долари.

Според сумираните податоци од Унијата на извозниците на источно црноморската област (ДКИБ), во периодот јануари-мај од оваа година од Турција и се продадени на Руската Федерација 83 илјади 119 тони мандарини.

Од овој извоз се заработени приходи во износ од 50 милиони 790 илјади 424 долари.

Во истиот период (јануари-мај) минатата година на Русија и беа извезени 60.284 тони мандарини и од тоа се заработени приходи во износ од 33 милиони 909 илјади 137 долари.

На тој начин, во извозот на мандарини во Русија, во споредба со истиот период минатата година на количинска база е остварен раст од 38 отсто, а на вредносна база раст од 50 отсто.

TRT