Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери, се пофали дека како член на Комисијата за заразни болести помогнал да се отворат границите без протоколи, за да може гласачи од ДУИ да дојдат на 15. јули и да гласаат.

„Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“, рече Зибери.

Реагираше и Венко Филипче кој напомена дека ваква изјава не долкува на еден директор на Центарот за јавно здравје, и ќе побара тој да биде сменет.

„Ја видов изјавата, и мислам дека е дадена во политички контекст сега пред изборите. Ваква изјава не доликува на директорот, и јас ќе се консулитрам со правници и ќе биде сменет!“, рече Филипче на прес-конференцијата одржана денеска во Владата.


„TV21“