Париз протестира против анексијата на Израел на Западниот Брег

0

Илјадници луѓе протестираа на улиците на Париз околу плановите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за анексија делови од Западниот брег од страна на Израел.

Неколку организации, пишува Руптли, ги здружиле силите во Париз за да организираат протести против израелските планови за анексирање на делови од окупираниот Западен Брег и делови од долината Јордан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе анексира земјиште во Западниот брег окупирано од израелските населби, заедно со други делови од областа, вклучувајќи ја и долината Јордан.

Нетанјаху изјавил  дека одредени области во Западниот Брег можат да бидат анексирани на Израел во фази, отколку во еден чекор.

Западниот брег, вклучително и Источен Ерусалим, се смета за окупирана територија според меѓународното право, со што сите еврејски населби на територијата, како и планираната анексија, се незаконски.