Либанскиот шиитски верски водач Туфејли: Ердоган води обиди за стабилноста во Либија

0

Шејх Субхи Туфејли, еден од шиитските верски водачи (истакнати верски личности) во Либан и прв генерален секретар на Хезболах, објави видео на својот порфил на Фејсбук кадешто истакна дека не е дозволено религиски (џаиз) да се заземе место покрај Франција, Русија, Италија и Израел, против претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во Либија.

Туфејли направи проценка на соработката којашто ја реализираат некои земји против Турција, а меѓу кои се наоѓа и Израел, а во врска со ставот на некои Заливски земји и египетската управа во Либија, при што го рече следното: „Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган води обиди за интересите на народите и за стабилноста на Либија.“

„Не е дозволено религиски (џаиз) да заземеме место покрај Франција, Русија, Италија и Израел, а не покрај Ердоган“, – рече Туфејли и воедно нагласи дека Турција се испречува против амбициите на Франција и Израел во Либија.

Нагласувајќи дека египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси освен тоа што војува во Либија истовремено ја разгорува и граѓанската војна во оваа земја, либанскиот шиитски верски водач Туфејли додаде дека од друга страна пак, никој не може да предвиди што планираат Франција, Русија и Италија, во Либија.