36 годишен штипјанец е приведен под сомнение дека криумчарел мигранти. Тој бил фатен на 27 јуни во 19.45 часот на автропатот Куманово – граничен премин „Табановце“ и спроведен во полициската станица Сопот.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) појаснуваат дека при обид да запрат патничко возило „ауди А6“ со битолски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, тој го напуштил местото на настанот.

„Лицето Ф.Ш. за кратко време бил лишен од слобода, а во близина на железничка пруга, на место викано „Чифлик“, биле забележани 10 лица-мигранти. Од нив седум избегале, а задржани биле М.Џ. (23) од Бангладеш, А.А. (30) од Јемен и М.А. (29) од Сирија кои потоа се сместени во Транзитниот центар Табановце, додека Ф.Ш. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“, се наведува во соопштението од МВР.


NovaTV