Партијата Република во движење (ЛРЕМ) на францускиот претсeдaтел Емануел Макрон доживеа тежок пораз на вториот круг на локалните избори.

Синоќа заврши вториот круг на локалните избори во Франција кои беа планирани да се одржат ба 22 март, а поради епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) беа одложени.

Од 16,5 милиони гласачи, стапката на гласачите кои не гласаа на изборите достигна 60 отсто, која претставува историска бројка. Оваа стапка на локалните избори во 2014 година изнесуваше 37,87.

Според прелиминарните резултати од гласачките кутии, партијата ЛРЕМ на Макрон, како првиот круг така и во вториот круг ги изгуби големите градови. Партијата на зелените (ЕЕЛВ) победи на изборите во Лион, Бордо, Стразбур, Поатје, Безансон и Марсеј.

Премиерот Едуар Филип на локалните избори во Авр победи до 58,83 отсто осовоени глаови.

Актуелната градоначалничка и кандидатка на Социјалистичката партија за Париз, Ана Хидалго освои 48,7 отсто од гласовите и повторно беше избрана за градоначалник на Париз.

На изборите во Перпињан со 52  отсто освоени гласови победи Луи Алио, кандидатот на есктремно десничарската Партија за национално единство (РП) чиј лидер е Марин Ле Пен.

Во меѓувреме, турскиот политичар Метин Јавуз победи на изборите во Валентон, приградската општина на Париз.

Според неофицијални извори, Јавуз на изборите освои 52,37 отсто од гласовите и се натпреваруваше против  Лоран Перишон, кандидатот на Комунистичката партија на Франција (ПЦФ) кој на изборите се кандидираше како независен кандидат.

TRT