Според новиот закон за јавно обвинителство кој стапува на сила од денеска, СЈО , кое беше формирано во 2015 година престанува со работа.

Обвинителството е подготвено за примена на одредбите од новиот закон, предметите на СЈО ќе добијат завршница, вели за МИА, јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Сторителите на кривични дела да ја добијат заслужената казна, додава Јовески.

На социјалната мрежа Фејсбук се огласи и обвинителката Ленче Ристовска, која вели дека начинот на кој згаснал СЈО не заслужува коментар затоа што борбата за правда е вистинска, само кога е плод на внатрешен порив за одговорност.

Обвинителката Фетаи подвлече дека работата на обвинителите не згаснува со прекинот на работа на СЈО, додека адвокатот Миланов кој бранеше најголем дел од обвинетите во предметите на СЈО, оцени дека од денеска ниту еден од застапниците на поранешното СЈО немаат законско право да постапуваат.

Telma