Мадуро на шефицата на мисијата на ЕУ и` даде 72 часа да ја напушти Венецуела

0

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро во понеделникот  на шефот на мисијата на Европската унија во Каракас Изабел Брилханте Педроса му даде 72 часа да ја напушти земјата, откако блокот најави санкции против 11-ет службени лица на Венецуела.

„Кои се тие што ќе се обидат да наметнат закани?“ рече Мадуро.

„Ние ќе го решиме за 72 часа … ќе и дадам авион да си замине, но нашите работи ќе ги договориме со Европската унија“, истакнал Мадуро, пренесува АФП.

Воздушниот простор во Венецуела моментно е затворен за комерцијални летови поради пандемијата на коронавирус.

Мадуро, исто така, ја обвини ЕУ дека му паѓа на „колена“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој презеде остра линија против левичарскиот лидер и ги копираше „непристојните политики на ЕУ“ против латиноамериканската нација.

Односите се затегнати од 2017 година, кога Венецуела стана првата земја од Латинска Америка која доби санкции од ЕУ, вклучуцајќи и ембарго за оружје.

(Вијести.ба / ФЕНА)