Границите затворени за Македонци, фали уште Корејци да ни викаат „мрш корона“

0

Пред неколку месеци ние не дозволувавме влез од странство за да не се заразиме, сега тие не дозволуваат влез за да не се заразат од нас. Недостига уште некој Кореец да почне да им вика „мрш корона“ на Македонци за сликата да биде целосна.

Македонија ги отвори аеродромите по затворањето поради пандемијата на коронавирус, но Македонците веројатно ќе може да летаат од Скопје до Охрид и назад, со оглед на тоа што ЕУ не дозволува влез на македонски државјани зашто ширењето на коронавирусот во земјава не е ставено под контрола. Пред неколку месеци ние не дозволувавме влез од странство за да не се заразиме, сега тие не дозволуваат влез за да не се заразат од нас. Недостига уште некој Кореец да почне да им вика „мрш корона“ на Македонци за сликата да биде целосна.

На крајот на јануари годинава, на самиот почеток на пандемијата на коронавирус, момче во Скопје со навреди им се нафрли на група Азијци, викајќи им „мрш корона“ и бркајќи ги од Македонија зашто се „Кинези со коронавирус“. Луѓето всушност биле Корејци кои држеле предавања за толеранција.

Македонските граѓани можат слободно да патуваат во Србија и во Албанија.

ЕУ од 1 јули дозволи влез на нивна територија за граѓани од трети земји со слична епидемиолошка ситуација како ЕУ, освен за оние кои имаат регулиран престој на нивна територија. Од балканските земји, право да патуваат во ЕУ добија жителите на Србија и на Црна Гора.

Повеќе на РСЕ