Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.К.(43) и Б.П.(32), двајцата од Струга. Тие, во текот на март оваа година, со физичка сила и подесни предмети, насилно влегле во угостителски објект лоциран на улицата „Партизанска“ во Струга и одзеле повеќе апарати и бела техника, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 250..000,оо денари.