Изразувајќи ги своите ставови и изнесувајќи ги јавно своите мислења, луѓето знаејќи или не, користат политички идеи и термини. Секојдневниот јазик е преполн со термини кои често можеме да ги слушнеме како што се „слобода“, „еднаквост“, „правда“, „демократија“, „право“ и др. Исто така во секојдневието, често можеме да ги слушнеме зборовите „либерал“, „социалиста“, „комуниста“ и „фашиста“, кои луѓето ги користат како би ги опишале своите гледишта или гледиштата од другите луѓе. Дури и кога се познати овие термини и нивното значење, тие ретко се користат прецизно и со јасно и вистинско значење. Што е на пример „еднаквост“ или „рамноправност“? Дали тоа значи дека се сите луѓе еднакви? Дали се раѓаат еднакви, дали треба во општеството да се третираат како еднакви? Дали луѓето треба да имаат еднакви права, еднакви шанси, еднакво политичко влијание, еднакви плати? Или на пример, што начи тоа ако некого го наречеме „фашиста“? Кои вредности и верувања ги подржуваат фашистите и зошто ги подржуваат? Или врз основа на што се разликува гледиштето од комунизмот према на пример гледиштето од либералот, конзервативецот или социалистот? Во политологијата помеѓу останатото, суштински се проучуваат и идеите и верувањата на галвните политички идеологии. Сите луѓе не прифаќаат дека идеите и идеологиите се од големо значење, туку за политиката понекогаш се мисли дека е нешто повеќе од гола борба за власт. Ако е ова точно, тогаш политичките идеи се само гола пропаганда, една форма на зборови или слогани, формирани така да се добијат гласови и подршка од народот. Во таков случај, идеите и идеологиите се „фразирани аргумнети“ да би се сокриела подлабоката реалност во политичкиот живот. Извесно е дека ваквата позиција ја подржува бихејвиоризмот, психолошко учење кое се поврзува со Џ.Б. Ватсон (1878-1958) и со Скиннер (1904-1990). Од перспективата на бихејвиоризмот, човековите битиа се нешто малку повеќе од биолошка машина, условени да делуваат (поточно да реагираат) на надворешни надразби. Мислителен субјекет (човек кои мисли), заедно со своите идеи, вредности, чувства и намери за нив е ирелевантен. Слично гледиште застапува и „дијалектичкиот материјализам“. Човек кои мисли, и воопшто како луѓе обдарени со разум и чувства, не смее да прифати ваков систем на „роботизација“ на човекот. Сите политички идеологии кои пред избори секого сослушуваат и уважуваат а после избори ги ограничуваат човековите идеи, ја згаснуваат човековата сентименталност, ги омаловажуваат верските и национални уверениа и не ги уважуваат другите мислења, не заслужуваат народна подршка. Многу политички правци човекот го третираат на начин додека е продуктивен вреден е, а после не е вреден за ништо, меѓутоа човекот не е машина и не е ресурс за експлоатирање, човекот е најсовршено битие кое покрај физичката видлива димензија, поседува и друга духовна димнезија со сите свои емоционални и сентиментални карактеристики, кои заслужува почит.

Се ближат изборите во нашава држава, се најавуваат победи од сите политички субјекти, се цртаат мапи на политичкиот спектар и идеолошкиот идентитет на општесвото, се најавуваат разни реформи, се разговара за клучни прашања од јавниот интерес и значење и сл. Дали е тоа плуралистичка реалност во Макеоднија или плуралистичка рационалност? Во кои правец се движат политичките партии? Дали да се даде глас на оние кои нивниот единствен политички израз е борба против мигранти, тепање на мигранти, групи кои се собрани околу националистички идеи ? Дали да се даде глас на оние кои главниот политички израз во јавниот дискурс им је гласниот езан (повик на молитва), кои тобоже им смета? Дали да се даде глас на оние кои во своите програми ветуваат сѐ и сѐшто? Овие се неколку прашања на кои човекот после размилување сам треба да си даде одговор. Меѓутоа, самите граѓани не ги читаат нити ги познаваат партиските програми, голем број на граѓани и воопшто не гласаат и не излегуваат на избори, дел од нив имаат оправдување дека не ги интересира политика. Зошто е тоа така?!

Ваквата аполитичност понекогаш е рационален став. Во општествените науки тоа се нарекува рационално незнаење. Овој термин го вовел Ентони Данус во студиата Економска теорија на демокатијата во 1957 год. За него, совршено е рационално луѓето да бидат необавестени и неуки во политиката, затоа што секоја обавестеност и знање троши време и енергија, а узалудно е да се троши време и енергија ако со својот глас не можеме ништо значајно да променеме. Со други зборови, ако нашиот глас, нашата политичка писменост или информираност немаат многу влијание на секојдневниот живот, зошто тогаш да вложуваме труд? Меѓутоа, покрај таа спомната рационална неукост, повеќето луѓе во најсреќните општества во многу поголем број излегуваат на избори. Така на последните парламентарни избори излезеноста е голема во европските земји : 75.6 % во Австрија (2019), 84.6 % во Данска (2019), 81.9 % во Холандиа (2017), 72.9 % во Италија (2018), 76.1 % во Германија (2017), 87.1 % во Шведска(2018) и сл. Према овие податоци гледаме дека европските граѓани во голем број излегуваат на избори, па така нивните пресдтавници имаат полн легитимитет и легалитет. Кај нас излезеноста е многу мала, колку и да се властите легални, поради малата излезеност на граѓаните легитимитетот може да се доведе во прашањње. Дали е тоа како одговор на неспособни политичари, лоши политички програми, мал избор и дефицит на демократија и плурализам или е нешто друго?

И секако пред нас се парламентарните избори во Макеоднија и не е ни чудо што размислуваме, анализираме, разговараме, прашуваме и сме прашувани, за кого да се гласа, па така тежиштето (акцентот) дали да се стави на политичката партија и нивната политичка платформа или на луѓе кој би биле во позиција да допринесат за јавното добро, без обзир во која партија се. Сите од нас имаме свои ставови и гледишта према политичките процеси, едни анализираат и размислуваат, вторите само „роботски“ се стриктно ЗА или ПРОТИВ без образложување, на третите егото не им дозволува да ја прифатат реалноста и секогаш се за све ПРОТИВ, четвртите гледаат од која страна ќе бидаат блиските роднини па и тие, петите гледаат дали има некој материјален интерес па од тамо се, шестите мразат некого и омразата им је единствената причина во гласање, седмите од завидност се против некого, осмите мислат дека тие треба да бидат водечи политичари а ги нема сега па затоа се против, деветите само од инает гласаат, и така сите нас не има во некоја група. Дали е тоа исправно и дали дава резултат? Дали е можно инаетот, завидноста и омразата да ни биде основа на нашите политички визии и идеи??? Дали можеме сами објективно да анализираме со нашата глава како стојат политичките прилики денес? Секој нека си размисли, дали совеста ќе му биде чиста, ако гласал или не гласал за некого само од инает, завидност и омраза, или кај нас вообичаената реченица: „Затоа што се ‘тој и тој’ од кај него, јас нема да гласам за него“. Дали е можно нашата политичка концепција да се заснова на вакви изјави и реченици?! Но, во политиката денес се е можно. Одамна се изгубени политичките идеи, визии, поимот и концептот на власт, управување и држава, не само во Макеоднија него и глобално. Доминантна сила во политиката е да се бара власт на разни начини од оние со кои ке се владее, власта дава моќ, па така одговара доктрината на легитимитетот на власта која е на високо место во развојот на политичките идеи. (Марцел Прелот, Политички институции). Политиката би требало да се заснова на идеи односно на некакви политички идеологии. Идеите и идеологиите влијаат на политичкиот живот на неколку начини. Прво, тие пружуваат перспективи од кои се разбира и се објаснува светот. Луѓето светот не го гледат онаков каков е, туку онака како би сакале да биде, свесно или несвесно секој е потписник на еден нижар на политички верувања и вредности кои се водичи за неговото однесување и кои влијаат на неговите постапки. Така политичките идеи и идеологии поставуваат цели кои инспирираат политичка активност. Во овој поглед, политичарите се под влијание на два многу различна фактори. Без сомнение, сите политичари сакаат и бараат власт, тоа го кажува Ендру Хејвуд во книгата Политички идеологии, и затоа тоа ги присилува да бидат прагматични, да ги усвојат оние политички идеи кои се популарни кај бирачите (гласачите) и со кои ќе добијат подршка и помош од одредени моќни групи. Ретко кој политичар бара власт само ради ред и ради самата власт. И тие исто така поседуваат верување, вредност и уверувања за тоа што да прават со власта и на кој начин да ја водат државата. Јасно е дека балансот помеѓу прагматичните и идеолошките мислења варира од политичар до политичар, не е кај сите исти. Што се однесува до самата идеологија можат да се набројат неколку значења: систем на политички верувања, збир на политички идеи ориентирани на дејствување, идеи на владеачката класа, поглед на свет од одредена општесвена класа или група, политички идеи кои артикулираат класни и општествени интереси, идеи кои произведуваат чуство на колективна припадност, целокупна политичка доктрина која полага право на монопол на вистината, апстрактен и висок сисетамтичен збир на политички идеи и сл. Врз основа на значењето на овие политички идеи и разбирања се формирани линеарни политички спектри и колектвино се означуваат: ЛЕВО,ДЕСНО, ЦЕНТАР, затоа често слушаме левичарска, десничарска партија и тн. На пример: Комунизам, Социјализам, Либерализам, Конзерватизам, Фашизам… Па после самите се делат на многу врсти и подврсти ( еконосмки либерализам, социјалдарвинизам, неолиберализам, модерни либерализам, ауторитарни конзервативизам, патерналистички конзервативизам, либертаријански конзервативизам, револуционарни социализам, еволутивни социализам, социалдемократизам, етички социјализам, ревизионистички социализам, неоревизионизам и трети пат, либерални национализам, конзервативни национализам, либерални интернационализам, социалистички интернационализам, анархизам, мутуализам, анархосиндикализам, анархокапитализам, елитизам, ултранационализам, феминизам, екологизам…. ) ВО КОЈА ГРУПА СПАЃААТ ПАРТИИТЕ КОИ ДЕЛУВААТ КАЈ НАС???? Јасно е дека ориентирот на самите партии е изгубен, не се знае точно што нуди ниту левицата ниту десницата, кај нашите партии не се веќе важни политичките идеи, па така неретко имаме разни коалици од некоја таканаречена десничарска со таканаречена левичарска партијаа, чудно зар не?! Кај нас партииите не се водат со политички идеи и идеали, него се водат со што ќе се соберат повеќе гласови и да се добие власт. Е кога е така, значи не можеме да гласаме за политички идеи, затоа што концептот сами го изгубиле освен името што го носат, па веќе кога политичките идеи се скоро изгубени (ни самите политичари не знаат да ги објаснат, освен што слушнале па повторувават ко папагали), тогаш можеме да гласаме према нашето внатрешно уверување. Едно е јасно, нашата совест да е чиста, да го имаме во обзир минатото, сегашноста и иднината, кој колку допринел или обратно, потоа кој што можел и колку можел, кој што може и колку може и кој што ќе може и колку ќе може. Да дадеш глас на оној со кого имаш многу заеднички нешта, со кого се совпаѓаат твоите верски, човечки, демокртаски убедувања, а не да се гласа према симпатии или омраза. Гласачите ги прават политичарите моќни, влијателни, со својата подршка ги довдеуваат на власт, гласачите со својот глас подржуваат добри дела што ги прават политичарите, еквивалентно со својот глас одобруваат и неморални дела кои ги прават нивните политички преставници, на таков начин гласачите учествуваат во тоа, затоа се вели „ секој има власт каква заслужува“ или „каков народ таква власт“.

Втор дел: Исламот, демократијата и политиката……ЌЕ ПРОДОЛЖИ….

Мухамед Шемоски